ЕВРОПСКО РЕШЕНИЕ

Врховен суд на ЕУ: Компаниите можат да го забранат хиџабот

БРИСЕЛ – Компаниите можат да им забранат на муслиманските работници да носат марама под одредени услови, објави денеска Врховниот суд на Европската унија со пресудата донесена за два случаи иницирани од жени во Германија, кои беа суспендирани од работа за носење марама.

Извор: google

БРИСЕЛ – Компаниите можат да им забранат на муслиманските работници да носат марама под одредени услови, објави денеска Врховниот суд на Европската унија со пресудата донесена за два случаи иницирани од жени во Германија, кои беа суспендирани од работа за носење марама.

„Забраната за носење каква било видлива форма на изразување на политички, филозофски или религиозни убедувања на работното место може да биде оправдана со потребата на работодавачот да обезбеди неутрална слика на клиентите или да спречи социјални конфликти“, рече Европскиот суд, пренесува Ројтерс, како што пренесува Танјуг и Политика.

Сепак, тоа оправдување мора да одговара на вистинската потреба на работодавачот, се додава во пресудата.

Прашањето за хиџаб, традиционална марама што се носи околу главата и рамената, предизвикува контроверзии низ цела Европа со години,

Во судски случаи, и двете муслиманки – негувателка во детски центар во Хамбург и благајник во аптека – не носеа шамии кога почнаа да работат на тие позиции, но тоа го решија години подоцна по враќањето од родителско отсуство.

Им беше кажано дека тоа не е дозволено и дека ќе бидат суспендирани или ставени на друга работа доколку се појават повторно со хиџаб.

И во двата случаи, сега е на националните судови да одлучат дали имало дискриминација.

Судот на ЕУ веќе донесе одлука во 2017 година дека компаниите можат да забранат носење исламски шамии и други видливи верски симболи под одредени услови.

Повеќе од пет милиони муслимани живеат во Германија, што ги прави најголемата религиозна малцинска група таму.