МИГРАНТСКИ ПОВРАТНИЦИ

Кога не ги пуштаат мигрантите во Европа, сепак се враќаат дома

Стотици Ирачани кои со недели кампуваат на белоруско-полската граница се пријавиле за утрешниот лет за враќање во Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за надворешни работи.

Извор: google

Стотици Ирачани кои со недели кампуваат на белоруско-полската граница се пријавиле за утрешниот лет за враќање во Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за надворешни работи.

Станува збор за 430 мигранти, главно ирачки Курди, кои утре во 13:45 часот треба да се качат на лет за Минск, кој потоа ќе полета за градот Ербил во Ирачки Курдистан, а потоа за Багдад, соопшти Министерството, а пренесува Ројтерс. .

Ирачаните, особено Курдите, сочинуваат значителен број од околу 4.000 мигранти кои сега чекаат во ледените белоруски шуми и се обидуваат да преминат во Литванија, Латвија и Полска.

Многумина велат дека белоруските власти не им дозволиле да се вратат во Минск, а најмалку осум лица загинале на границата во последните месеци.

Полските власти објавија и дека е зголемен бројот на обиди на мигранти да ја преминат нејзината граница од Белорусија, јави Танјуг.

Полската гранична стража на Твитер објави дека до денес се регистрирани 501 обид за преминување на границата, при што една група се состои од околу 500 луѓе.

Ова е, како што тврдат, зголемување во однос на претходните денови.