Извор: google
Во Кина, паровите во иднина ќе имаат можност да имат до три деца, пренесуваат државните медиуми. Стареењето на популацијата и намалувањето на наталитетот се причина, според Комунистичката партија.
Новата семејна политика ја укинува претходно строгата семејна политика во Кина, што значеше дека на семејствата им беше дозволено да имаат само две деца.
Одлуката е донесена откако новиот попис покажа дека населението во Кина расте побавно отколку со децении, пренесува Би-Би-Си.
Во 2016 година, таканаречената долгогодишна „политика за едно дете“ во Кина беше укината, што дозволуваше само едно дете по семејство. Заради мешањето на комунистичката партија во природноста на наталитетот, доведе до фрапантна разлика помеѓу половите. Односно затоа што повеќето од паровите во минатато се решаваа на абортус доколку плодот бил женски, а се одлучуваа на раѓање и на задржување само доколку плодот бил машко дете, допринесе до преголем јаз меѓу половите.
Оттогаш, кинеските парови имаат право на две деца, но сепак и покрај олабавување на законот, раѓањето деца се намали од таа година – така од 18 милиони деца во 2016 година бројот на новороденчиња се намали на 12 милиони деца родени во 2020 година.