Извор: google
Родителите заради недостаток на знаење или незаинтересираност од обврските, летаргиски ги испуштаат своите најмили да се запишат на некој факултет само за да се стекнат со високо образование, а при тоа воопшто не го следат и чуствуваат талентот на своето чедо.
Многу од родителите не ги следат своите деца за време на нивниот едукациски процес.
Секако, постојат и родители кои активно се вклучуваат во евалуацијата на своето дете и при тоа им помагаат во изборот за нивна поуспешна и поубава професионална иднина.
Дури и „проблематичните” деца можат многу лесно да се преобразат во многу успешни поединци кои ќе бидат корисни за општеството. Токму тие, помалку успешните, покажуваат подобар квалитет од одличните ученици кои имале привиден успех во периодот на основното и средното образование.
Многу луѓе завршуваат одредено образование со кое малку подоцна во животот не се задоволни од сопствениот избор, по автоматизам работата и животот им стануваат рутински и без елан за напредување.
Затоа, решивме да издвоиме некои од најплатените професии во светот и кај нас.
Во продолжение ви ги претставуваме шесте најплатени професии во светот.
Неврохирург
Оваа професија е една од најбараните медицински стручњаци кај нас и во светот.
Специјалноста на еден неврохирург се состои во дијагностицирање и хируршко третирање на болести од централниот и периферниот нервен систем. За да станете еден успешен неврохирург потребни се мимнимум 8 години лекарска едукација.
По студиите потребни се минимум едногодишна пракса во општата хирургија и од 5 до 7 години во програмата на неворхирурзи.
Но, тоа не е се, затоа што исто така ќе мора да бидете во тек со сите најнови достигнувања во невронауката и да присуствувате на семинари, конференции и брдо состаноци. Тоа е кариера за луѓе кои целиот свој живот го посветуваат во научно учење и константно доградување, па затоа не е ни чудно што оваа професија е прва на нашата листа. Се разбира дека секоја држава има различни стандарди и плати за сите професии но според светските норми нивната месечна просечна плата се движи од околу 30.000 УСД па нагоре, ова е воедно најплатената професија во светот.
Анестезиолог
Втората позиција е резервирана за лекарите кои се одговорни за успивањето на пациентот за време на оперативен зафат. Оној кој се бави со оваа професија се грижи за, пред, за време на и по оперативните зафати од различни типови.
Бројот на други одговорности што ја опкружуваат нивната работа вклучуваат справување со итни ситуации, давање совети за управување со болка и спроведување на проценки во единиците за критична нега.
Ако изберете да станете анестезиолог, тогаш откако ќе станете лекар ќе треба да завршите уште четиригодишна програма за анестезиологија. Во одредени земји ќе треба да одите на дополнителен преглед каква што е праксата во УСА пропишана од Американскиот одбор за анестезиологија (ABA – American Board of Anesthesiology).
Просечната плата во светот на месечно ниво се движи околу 22.000 УСД односно годишни придонеси од 265.000 УСД.
ИТ специјалист
Тие се одговорни за заштита и безбедност во компаниите и нивната ИТ инфраструктура во однос на ИТ безбедност. Тие ги штитат од работи како malware и софтвер хакери и тие обично имаат широко познавање за компјутерите, како и одредени други специјалности од ИТ сферата. Технологијата се движи толку брзо и ажурирањата се постојани, па затоа на компаниите им е потребен високо квалификуван кадар за да управуваат со овие процеси и да се осигураат дека сè оди според предвиденото.
Доколку сакате да бидете ИТ менаџер, мора да имате диплома за компјутерски науки. Меѓутоа, искуствотото има многу поголема важност, па така можете стопроцентно да станете ИТ менаџер и без диплома, сè додека знаете што правите и дали можете да го докажете истото.
Со просечна плата од 11.000 УСД или на годишно ниво од 142.530 УСД.
Пилот
Една од најплатените кариери во светот која има многу поволности. За да ја добиете таа огромна плата и сите поволности ќе мора да поминете низ многу физички прегледи и адреналинско образование, како и постојано да бидете во тек со новите тестови и прегледи.
Лица со страв од летање не треба да го сметаат ова за кариера, но ако сметате дека е кул, ова е вистинската работа за вас. Просечната месечна плата од 13.500 УСД или на годишно ниво 161.280 УСД.
Хирург
Оваа професија спасува животи и помага во подобрување на благосостојбата на луѓето. За да станете хирург, потребни се неколку години дополнително студирање откако ќе станете квалификуван доктор. Треба и да изберете област од интерес за специјализирање и потоа да ја извршите задолжителната работа за да можете да практикувате како професионален хирург. Колку повеќе искуство имате и колку помала е таа област на експертиза, толку повеќе пари би заработиле. Просечната месечна плата е 20.000 УСД или годишен приход од 250 000 УСД.
Стоматолог
Стоматолозите се одговорни за испитување, дијагностицирање и лекување на било какви прашања поврзани со забите, непцата и вилицата. Бидејќи сите ние имаме заби, стоматологот никогаш нема да има дефцит на клиенти.
Сите сме биле на стоматолог во одреден момент од животот. И покрај сите оние изненадувања што при редовните контроли можат да се појават, на стоматолошки ординации им дава прилично пристоен приход. Ако сакате да бидете на тоа ниво и да заработувате просечна месечна плата од 10.000 УСД, односно просечениот годишен приход од 174 000 УСД, во тој случај ќе мора да студирате неколку години, по што ќе треба да положите неколку испити и да го поседувате вашиот углед и занает на патот.
Тоа беше нашата кратка листа од најплатените 6 професии (од многуте останати) во светот. Се разбира дека кај нас сите стандарди се изместени па така најдобро платените позиции се менаџерските позиции на кои се поставени синовите и ќерките на бившите генерални директори, кои ја искористиле сомнителната приватизација на гигантските компании од екс југословенската ера. Но, не очајувајте. Доколу имате љубов кон одредена професија, вложеното знаење и вродениот талент секогаш се успешен план за победа. Само треба да направите паметен избор.