ДЕКЛАРАЦИЈА

Како да се препознае вистинската и квалитетна пршута во месарниците?

Покрај проблемите со недостаток на суровини, производителите на пршута во соседните земји се вознемирени и од црниот пазар во производството и продажбата на пршут.

Извор: google

Покрај проблемите со недостаток на суровини, производителите на пршута во соседните земји се вознемирени и од црниот пазар во производството и продажбата на пршут. Оние пршути што се продаваат во куќи и гаражи и пазари немаат никакви декларации.

На европскиот пазар, ознаките за автентичност се подобро препознаени отколку на балканскиот пазар. Кај нас, како и на пример во Хрватска и Србија, најчесто се гледа цената на производот, па потрошувачот купува подостапна увезена индустриска пршута.

Екс ЈУ производителите на пршута не можат да се борат против големите производители од Шпанија и Италија. Потрошувачите се тие што треба да отворат очи при избор на овие сувомеснати продукти затоа што на пазарот има од висококвалитетни, понекогаш потценети, до увезени, препакувани, лажно декларирани, неквалитетни и нездрави производи.

Адитивите мора да бидат означени на декларацијата. За да купите вистински пршут, а не лажен, потребно е да ги прочитате декларациите. Во процесот на производство, ако се додадат адитиви, тоа мора да биде означено. Пршутата од хрватските производители се произведува во главно со помош на сол, и сè друго мора да биде наведено на декларациите.

Кога купувате пршута, важно е и да ја дознаете годината на производство, да видите дали има “топол печат” и колкав е неговиот рок на траење. Пршутaта мора да биде убаво обработена, не смее да биде премногу обрасната со мувла, бојата на мускулното ткиво мора да биде изедначена на целото месо. И не паѓајте на понудена пршута од под пултот за која месарот ќе ве убеди дека е домашна, а не увезена.

Бонус видео…