ГРИЖА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА КОРИСНИЦИТЕ

Instagram предупреди: Пазете се од измами, не отворајте линкови

Instagram ги предупреди своите корисници за нова измама која кружи на социјалната мрежа, а преку која измамниците сакаат да преземат профили на други луѓе.

Извор: unsplash

Instagram ги предупреди своите корисници за нова измама која кружи на социјалната мрежа, а преку која измамниците сакаат да преземат профили на други луѓе.

Се работи за директна инбокс порака што ја добиваат корисниците, а која содржи лажно предупредување дека корисникот прекршил некои авторски права и се испраќа некаков си линк преку кој, корисникот мора да контактира со „техничката поддршка“.

Ако кликнете на тој линк, сепак, ќе ги испратите сите ваши податоци (вклучувајќи ја и лозинката) директно до сајбер криминалците, а нема да добиете ништо од лажната техничка поддршка.

Instagram предупредува дека тие никогаш не комуницираат директно со корисниците, а особено не за работи како што се кршење на авторските права. Тие исто така ги советуваат корисниците да не ги отвораат овие линкови и да не одговараат на пораките.