ДОЖИВОТНА ГУМА

Овие гуми за велосипед не може да се дупнат и затоа би траеле цел живот

Една стартап компанија соработува со NASA за лансирање на гуми кои нема да може да се пробушат. Компанијата SMART Tire Company неодамна објави иновативна воздушна гума за велосипеди што Nasa првично ја разви и тестираше за идните мисии на Марс.

Извор: google

Една стартап компанија соработува со NASA за лансирање на гуми кои нема да може да се пробушат. Компанијата SMART Tire Company неодамна објави иновативна воздушна гума за велосипеди што Nasa првично ја разви и тестираше за идните мисии на Марс.

Револуционерната гума е изработена од „паметен“ мемориски метал кој ја преуредува својата молекуларна структура кога е свиткана за веднаш да се врати во првобитната форма.

Во основа ја има флексибилноста како секоја друга гума, но е силна како титаниум, што значи дека веројатно нема да мора да менувате гума за велосипед во текот на вашиот живот. Жиците се испреплетени за да се создаде безвоздушна структура. Материјалот SMA (Shape Memory Alloy) делува како амортизер и може без напор да го премине теренот натоварен со камења, без да се скине или оштети гумата.

Технички, паметната гума METL е со надворешен раб изработен од супереластичен материјал наречен NiTinol +, кој е обликуван според нерамномерноста на патот, но скоро веднаш се враќа во првобитната форма. Произведени со процес што ги загрева тркалата на температура над 500 степени Целзиусови, гумите METL се дизајнирани за екстремни температури и средини, како што е онаа на Марс.

Паметната гума METL е резултат на иницијатива спонзорирана од НАСА, која ги предизвика малите бизниси во приватниот сектор да ги прилагодат своите иновации за истражување на вселената и за реални потреби на Земјата. Еден од тие стартапи беше SMART Tire, кој планира комерцијално да ги лансира своите иновативни гуми за велосипеди следната година.