Извор: google
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Егејското Море, а беше почувствуван во Грција и Турција.
Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри југозападно од грчкиот остров Нисирос, каде живеат околу 1.000 луѓе, пишува „Катимерини“, според турските медиуми, 40 километри од брегот на турскиот град Датца, во југозападна Турција.
Земјотресот е регистриран утрово во 07,31 часот по локално време.
Турската агенција за управување со вонредни состојби наведува дека тоа се случило на длабочина од 14,85 километри, а грчкиот институт за геодинамика објави дека неговиот епицентар бил на длабочина од 15,6 километри.