ГРИЖА ЗА ПРИРОДАТА

За брзо ќе возиме по„еколошки рути“ преку апликацијата на Google Maps

Апликацијата Google Maps ќе започне да ги насочува возачите кон рути за кои се проценува дека создаваат најниски емисии на јаглерод диоксид, на база на анализа на метежот на сообраќај, теренот и други фактори.

Извор: google

Оваа функција ќе стартува во текот на оваа година во САД, а потоа и во други земји, како дел од обврската на компанијата да помогне во борбата со климатските промени. Веќе е истражен теренот и во многу европски земји.

Google објави дека изведува релативни проценки на емисиите со испитување на различни типови возила и типови на сообраќајници, потпирајќи се на увидите на американската Национална лабораторија за обновлива енергија (NLOE).

Корисниците на „Google Maps“ исто така ќе можат да споредуваат возење со автомобил, велосипед, со јавен превоз и други опции за патување. Американскиот технолошки гигант вели дека долго време развива одржливи практики кои ќе користат на на животната средина и ветува дека емисиите на стакленичките гасови до 2030 година ќе бидат значително намалени.