ДЕНОТ НА ШЕГАТА

„Google“ го откажа 1 април: Не е време за откачени производи, игри и забава

Google со години ги забавува луѓето ширум светот со своите луди и многу привлечни шеги на 1 април. Но, втора година по ред, Google го откажа 1-ви април.

Извор: google

Google со години ги забавува луѓето ширум светот со своите луди и многу привлечни шеги на 1 април. Но, втора година по ред, Google го откажа 1-ви април. Минатата година, тие одлучија да направат пауза од прославата на 1 април поради целокупната состојба со светската пандемија на коронавирусот. Бидејќи состојбата не е подобра ниту оваа година, тие одлучија да ја прескокнат традиционалната еуфорија и шеги.

„Во 2020 година, донесовме одлука да ја паузираме нашата долгогодишна традиција за славење на 1 април, поради почит кон сите кои се борат со Covid-19. Бидејќи голем дел од светот продолжува да се бори со сериозни предизвици, ние уште еднаш ќе ги паузираме шегите за 1 април“, се вели во официјалното соопштение испратено од Google.

Но, тоа не значи дека не можеме да запомниме некои од најдобрите шеги на Google од минатите години. Така, во 2019 година тие направија забавна игра во стилот на легендарната „змија“ и им дозволија на корисниците да ја играат на мапите на неколку градови на „Google Maps“.

Во 2018 година, тие предизвикаа голем интерес со воведување на физичка табла за пишување што автоматски би препознала ракопис, но само во Јапонија. Во 2017 година тие го претставија Google Now за кучиња и мачки, но исто така и Google Play за домашни миленици, што треба да обезбеди уникатно искуство со видео игри за вашите омилени миленичиња.

Што точно подготвувале за 1 април низ годините, можете да погледнете во ова интересно видео.