Извор: google
Многу луѓе пораснале со идејата дека месото гради посилно тело и е неопходно за животот. Се чини дека тоа сепак е само мит и навика. Доколку се намали глобалната потрошувачка на животински продукти до ниво на задоволување на нутритивните потреби би можело да се спаси површина која е 1.5 пати поголема од Европската унија. Во меѓувреме, во светски рамки расте популарноста на западниот начин на исхрана, која се состои од многу месо и месни производи.
Во просек, 86% од испитаниците во Глобалното истражување на потрошувачи, спроведено во 39 земји велат дека нивната диета содржи месо, нагласувајќи дека и покрај трендот околу месото и растителните замени, јадењето месо останува задолжителна норма во многу делови на светот.
Само во 5 од 39 земји – Индонезија, Обединетите Арапски Емирати, Пакистан, Кина и Индија – помалку од 80% од испитаниците изјавиле дека јаделе месо.
Индија имаше најниска оценка од само 43% на луѓе кои јадат месо. Кина, која го постигна вториот најнизок резултат во истражувањето, сепак броеше 75% на испитаници кои се љубители на месото и месните производи.
Склоноста на Индија кон вегетаријанството е поврзана со ведизмот / хиндуизмот како религија, систем на верувања поврзани со високоценетата каста Брахманс, според која вегетаријанството е особено препорачливо и пожелно.
Во западните земји, вегетаријанството почесто се поврзува со еколошки проблеми, емпатија кон животинскиот свет или со неетички практики во производството на месо. За да се задоволи апетитот за месо, во 2020 година беа произведени 333 милиони тони месо ширум светот.