АВТО ДИЛЕРИ

Германците ги менуваат правилата, ќе скокне цената на поволните автомобили

Предложените измени на законот за гаранција во Германија може да доведат до скок на цените на користените автомобили во таа земја за околу 10 до 20 проценти, но и до крај на продажбата на постари и користени автомобили.

Извор: google

Предложените измени на законот за гаранција во Германија може да доведат до скок на цените на користените автомобили во таа земја за околу 10 до 20 проценти, но и до крај на продажбата на постари и користени автомобили. Ова може да влијае и на нашиот пазар, бидејќи голем број автомобили се увезуваат од Германија во Македонија.

Германскиот закон за гаранции треба да се усогласи со директивите на ЕУ за продажба на стоки, а Германското државно здружение на независни дилери на моторни возила застана против овие измени и им се обрати на германските власти заради последиците што може да ги донесат промените во законот.

Здружението наведува дека планираните измени се многу неповолни и неодржливи за трговијата со моторни возила. Европските правила предвидуваат дека секој продавач мора да даде едногодишна гаранција, што досега траеше шест месеци.

Како што е наведено во Европската директива за продажба на стоки, „секоја неусогласеност што ќе се случи во рок од една година од испораката на стоката ќе се смета дека постоела за време на испораката, освен ако не е докажано поинаку”.

Дилерите на автомобили наведуваат дека толку долг рок им создава големи проблеми. Иако новите регулативи се во корист на купувачите на користени автомобили, сепак долгорочно рок тие можат да бидат најоштетени поради зголемувањето на цените на возилата.