ПИШМАН АЏИЈА

Ferrari откри кога ќе го лансира првиот електричен модел

Директорот на Ferrari потврди дека првото електрично Ferrari ќе биде претставено во 2025 година. Не се знае моделот, но се претпоставува дека ќе биде SUV возило.

Извор: google

Директорот на Ferrari потврди дека првото електрично Ferrari ќе биде претставено во 2025 година. Не се знае моделот, но се претпоставува дека ќе биде SUV возило.

Ferrari некое време се спротивставуваше на воведувањето на џипови во својата гама, па на крајот попушти и веќе работи напорно на првиот од сегментот на кросовери – моделот Purosangue.

Првично, тие се спротивставија и на развојот на целосно електричен автомобил, но сега се донесе одлука да се следат сегашните аспирации на автомобилската индустрија.

Електризирањето не е обврска, но е добра можност да се приближи Ferrari до новите генерации, смета компанијата, која до неодамна велеше дека технологијата на електричен погон, а особено на батериите, не може да ги задоволи потребите на суперавтомобилите.

Да потсетиме, Maserati ја објави електричната верзија на новиот MC20 за 2023 година.

Бонус видео…