Извор: google
Зградата е атипична од многу аспекти – таа е изградена во форма на латинската буква „U“, има златни куполи, сите линии на дизајнот се закривени, столбовите се покриени со керамички плочки, дрвјата растат на покривот… но и на фасадата.
Како е да се живее во зграда каде цимерите ви се дрвја? Ова е еден од описите на германската градба инспирирана од соживотот со природата. Со своите деликатни линии и ненаметливи бои, оваа зграда за момент ќе ве пренесе во светот на “Господарот на прстените”, можеби и во паркот во Барселона или пак ќе ве потсети на руските православни цркви со златни куполи.
Згора на сè, на покривот на зградата, а на некои места дури и од самата фасада – растат дрвја, грмушки, цвеќиња Зградата „Шумска спирала” (Waldspirale) е како оживотворено сликарско платно. Сместена е во германскиот град Дармштат, недалеку од Франкфурт.
Изгледот на зградата е дизајниран од австриски архитект, има 12 ката, над сто апартмани, кафуле, киоск, подземна гаража, внатрешен двор, детско игралиште Она што е особено впечатливо е нејзината фасадa со нееднаквите линии и форми на прозорците. Ги има дури илјада прозорци и сите се различни.
Бидејќи фасадата е насликана со шарени бранови, се чини дека прозорците танцуваат надвор од линиите. Можеме само да замислиме како изгледа тоа одвнатре. Се претпоставува дека становите се исто така оригинални, различни едни од други.
Неколку од нив се уникатни апартмани, дизајнирани за семејства кои сакаат нешто посебно, па токму поради специфичната декорација, и пазарната цена им е доста висока. За жал, овој објект во моментов не е отворен за посетители, па за да го видите одвнатре, ќе мора да се дружите со некој од станарите и трпеливо да чекате покана за вечера и дружење.
Поскапа опција е едноставно да купите стан во него, што исто така не е лошо но за оние со истенчен вкус и длабок џеб.