ДИГИТАЛНИ VS ПЕЧАТЕНИ МЕДИУМИ

Facebook заработува колку цела глобална индустрија на печатени медиуми

Facebook Inc. потврди дека издвојува осум милиони долари за поддршка на печатеното новинарство во Канада, а интересно е што овој гигант веќе заработува скоро колку сите издавачи на весници не само во Канада, туку и во цел свет.

Извор: google

Минатата година, вкупниот приход на Facebook беше 86 милијарди американски долари, од кои повеќето доаѓаа од рекламирање.

Компанијата оствари нето добивка од 29 милијарди долари. Во истата година, приходите на глобалната индустрија за печатени медиуми беа 93 милијарди долари. Значи, Facebook заработил скоро исто колку и глобалната индустрија за весници во целина.

Од друга страна, Google оствари приход од 183 милијарди долари и профит од 40 милијарди долари. News Corp., еден од најголемите издавачи во светот, кој потпиша договори со Google и Facebook, заработи нешто повеќе од 9 милијарди долари во 2020 година.

Бонус видео…