ОТВАРАЊЕ НА ГРАДОТ ВАРОШ, КИПАР

Ердоган тера по свое, ЕУ против отварањето на градот Варош на Кипар

Европската унија остро ги осудува едностраните потези на Турција и неприфатливите најави на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерот на кипарските Турци за повторно отворање на градот Варош на Кипар, изјави денеска европскиот министер за надворешни работи Џозеп Борел.

Извор: google

Европската унија остро ги осудува едностраните потези на Турција и неприфатливите најави на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерот на кипарските Турци за повторно отворање на градот Варош на Кипар, изјави денеска европскиот министер за надворешни работи Џозеп Борел.

Борел изјави дека ЕУ ја поздравува изјавата на претседателот на Советот за безбедност на ООН од 23 јули, особено осудата и изразувањето на длабоко жалење на тоа тело за едностраните турски потези во Варош, кои се спротивни на нејзините претходни резолуции, наведува Бета.

Ердоган и другите официјални претставници на кипарските Турци и Турци на 20-ти јули најавија повторно отворање на Вароша, напуштен туристички град на кипарските Грци на дел од островот окупиран од Турција.

Во Варош, кој Грците го нарекуваат Фамагуста, никој не можеше да влезе од турската инвазија на Кипар во 1974 година.

ЕУ повикува на итно поништување на сите турски потези во врска со градот Варош направени од октомври 2020 година, изјави Борел.

„ЕУ продолжува да биде водена од релевантните резолуции на Советот за безбедност на ООН во врска со Варош, кои сметаат дека се недопуштени обидите да се насели кој било дел од него, кои не се нејзини жители, и кои бараат да се стави таа област под администрација на Обединетите нации „Не треба да преземаме никакви потези во врска со Варош кои не се во согласност со тие резолуции“, изјави Борел.

Тој додаде дека „целосното почитување и спроведување на резолуциите на Советот за безбедност на ООН, исто така, бара итен прекин на ограничувањата на слободата на движење на припадниците на мировните сили на ООН во областа Варош“.

Борел изјави дека ЕУ сепак смета дека Владата на Турција е одговорна за ситуацијата во Варош.

„ЕУ останува целосно посветена на сеопфатно решавање на кипарскиот проблем, направен според федерацијата на две политички еднакви зони и заедници, во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ООН и принципите врз кои се темели ЕУ“, рече Борел.

Шефот на европската дипломатија додаде дека министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе ги разгледаат чекорите на следниот состанок, во случај Турција да не ги откаже ефектите од потезите што ги повлече.