СМЕНЕТ ГУВЕРНЕР

Ердоган го смени гувернерот на централната банка по трет пат

Турската лира ослабе за 14% откако претседателот Таип Ердоган го разреши гувернерот на централната банка Наци Агбала за време на викендот. Агбал се сметаше за одговорен за претходното повлекување на лирата од историски најнискиот курс во однос на другите валути.

Извор: google

Ердоган неочекувано го замени пред два дена со Сахап Кавчиоглу, па централната банка доби трет гувернер во претходните две години.

Агбал, кој беше назначен во ноември, ја зголеми основната каматна стапка со цел да се потисне стапката на инфлација од над 15%, објави Би-Би-Си. Неговото разрешување ги шокираше локалните и странските инвеститори, кои ја пофалија монетарната политика на централната банка.

Лирата во еден момент беше најсилната валута на пазарите во развој во текот на 2021 година, бидејќи закрепна скоро петтина од претходната загуба во однос на американскиот долар.

Минатата недела лирата силно зајакна откако Агбал ја зголеми основната каматна стапка за два проценти, што беше двојно повеќе отколку што очекуваа економистите.
Инвеститорите бараат построга монетарна политика во Турција за да се спречи високата инфлација, додека цените рапидно растат во земјата.