FAST FOOD

Со кромид или без, донерот „држи“ ниска цена во Германија и затоа е обожуван

Само Германците јадат околу 400 тони месо на ден, односно два милиони донер ќебапи. Парчиња месо што се печат на скара и се служат во лепиња или тортилја со сирење и зеленчук се популарни во Германија поради нивната ниска цена, но и вкус.

Извор: google

Само Германците јадат околу 400 тони месо на ден, односно два милиони донер ќебапи. Парчиња месо што се печат на скара и се служат во лепиња или тортилја со сирење и зеленчук се популарни во Германија поради нивната ниска цена, но и вкус. Кај нас малите ќебапчиња се најпопуларни кога треба нешто да каснеме набрзина, но Германците обожуваат истото мелено месо да го сецкаат и ставаат во лепчиња што кај нас е познато како „донер“.

Додека во Германија можете да најдете донер ќебап направен од говедско, пилешко, мисирка или јагнешко месо, кои се служат во различни варијанти, од киосци до ресторани, во нашата земја понудата е нешто посиромашна. Сепак, во Германија има доволно Турци кои не дозволија нивното гастрономско наследство да падне во втор план.

За многу имигранти, döner е можност да заработат пари, безбедност и опстанок во странска земја – и така од 60-тите години на минатиот век кога се појавија ќебапите и донер месото во Германија. Идеалното јадење за германските работници стана омилено јадење и на целата нација.

Се верува дека начинот на подготовка и служење на ова месо потекнува од Турција, од времето кога воините печеле парчиња свежо месо на сабја над отворен оган, но со текот на времето станало јадење на богатите. Денес постои во различни форми (и под разни имиња), а некои тврдат дека првиот донер ќебап во Германија го донел Турчинот Невзат Салим во Ројтлинген во 1969 година.

Иако е практичен, ова јадење е нутриционистички далеку од здрав оброк. Просечниот донер обезбедува 98 проценти од дневната количина сол и 148 проценти заситени маснотии, а може да има околу илјада калории.

На германските улици, лепче со донер ќебап може да го купите по цена од 2,5 евра, па дури и помалку на некои места. Во некои делови на Германија, цената доаѓа и до 3 евра, но не и повеќе од тоа.

Бонус видео…