СТОКОВНА РАЗМЕНА СО СТРАНСТВО

Деловите за автомобили и за индустрија го зголемиле увозот за 4,5% годинава

Според Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 66 118 493 илјади денари и бележи пораст од 9.9 % во однос на истиот период од претходната година.

Извор: google

Според Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 66 118 493 илјади денари и бележи пораст од 9.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2021 година, изнесува 84 377 119 илјади денари што е за 4.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.

Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари-февруари 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Бонус видео…