И ГЕРМАНЦИТЕ ПОТКЛЕКНАА

Дали Спутник V ќе биде прифатена од ЕМА?

Берлин – Германија ќе започне билатерални преговори со Русија во врска со вакцината „Спутник V“ против ковид 19, пренесува Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор, а конечниот договор наводно зависи од тоа дали Русија ќе ги обезбеди клучните податоци на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Извор: google

Европската комисија им соопшти на министрите за здравство на ЕУ дека Брисел не планира да започне разговори со Русија за прелиминарниот договор за „Спутник V“, како што тоа го стори со другите доставувачи на вакцини, изјави извор за Ројтерс.

Затоа германскиот министер за здравство, Јенс Спан, за време на виртуелниот состанок објави дека Германија ќе започне прелиминарни преговори со Русија за билатерален договор за обезбедување на вакцината, додаде изворот, пренесува Танјуг.

Според него, во прелиминарните разговори, Германија најпрво сака да утврди кои количини и кога Русија може да испорача.

Во секој случај, Германија ќе ја купи руската вакцина само откако ќе биде одобрена од ЕМА, а најважно за тоа е Русија да ги обезбеди потребните податоци, додаде изворот.

Бонус видео…