Извор: google
Глобалното загадување од пластична амбалажа е сериозен глобален проблем за компаниите како Coca Cola, преку нивните маркетинг кампањи секогаш успешно ги дефокусирале потрошувачите од нивниот производ кој е богат со шеќери и непрепорачлив по здравјето на луѓето. Но овојпат решиле да го дефокусираат загадувањето користејќи го расизмот.
На социјалните медиуми се раширија материјали од една од последните онлајн обуки на вработените во Coca Cola преку која се едуцираат „да се обидат да бидат помалку бели“ во обид да се борат против расистичката дискриминација. Фотографии од семинарот за обука на Кока-Кола преку Интернет беа споделени на социјалните мрежи изминативе денови, прикажувајќи слајдови кои содржеа совети за тоа како „вработените да бидат помалку бели“, што би значело „помалку игнорантни“ и „помалку тирански настроени“. Фактот дека самите слајдови се нашле на интернет платформите било зачудувачки и за менаџментот на компанијата, со оглед на тоа што некој од нивните вработени анонимно ги споделил со психолози и активисти против дискриминацијата.
„Да се биде помалку бел“ на еден слајд значи да се чита, слуша и верува повеќе, а воедно да се „биде и помалку арогантен, да се има одбранбен став, да се стави крај на апатијата “, но и „да се стави крај на белата солидарност“.
„Во САД и другите западни нации, белите луѓе се социјализираат за да почувствуваат дека се суштински супериорни затоа што се бели. Истражувањата покажуваат дека од 3 до 4 години, децата разбираат дека е подобро да бидат бели.“, продолжува објаснението на тренингот.
“Кока-Кола” се соочува со големи реакции за ваквото приклучување кон серија американски корпорации кои ги поучуваат своите “бели” вработени со теоријата на критична раса. Дали со ваква обука на разбирање што значи да се биде помалку бел, Кока Кола сака да предизвика разбирање за тоа што значи да не се биде расист, а притоа повторно ставајќи една раса во инфериорна положба? Сепак, зошто е потребна ваква порака да се испрати преку обука со која повторно се делат луѓето на база на бојата на кожата и се наметнуваат стереотипи? Со вакви пораки, компанијата непотребно го актуелизира прашањето за расизам и поделби, наместо “фино лепо” да се одбере поинаков начин за оваа идеја да стигне до вработените.
Извор: pexels
Споделените слајдови за обука наидоа на одобрувања, но и негодувања, при што некои луѓе изјавија дека би размислиле дали во иднина ќе купат повеќе производи од Кока-кола по ваквите необични антирасистички пораки, а други се закануваат дека ќе ја бојкотираат компанијата.
„Ова се чини како бесрамна расна дискриминација од страна на овој работодавец“, напиша на Твитер самоидентификуваниот адвокат за вработување Хармит К Дхилон, а еден критичар ќе додаде “Што треба да се разбере од ова? Дека белата раса ги има овие непожелни карактеристики како тоа дека се угнетувачи, арогантни и немаат слух за туѓи ставови? Работата во Кока-Кола не треба да зависи од тоа дали вработениот купува идеја да биде помалку бел туку зависи од квалитетот на сработеното. Ако влезе во таа компанија, треба да знае како да ја работи својата работа.”. За критичарите, ваквата чудна кампања има само за цел да промовира и збогати таканаречени тренери за различности. Конзервативната авторка и основач на „Блексит“, Кендис Овенс, истакна дека ако курсот би ги учел вработените како „да бидат помалку црни”, е тек тогаш ќе следат протести, огромни реакции, можеби и судски провеси, па според неа, овие вработени кои се обучени со оваа тренинг програма, треба ја тужат Кока-Кола за бесрамен расизам и дискриминација.
Компанијата, во изјава рече дека обуката има за цел да промовира поинклузивно работно место за своите вработени.
„Видеото и сликите имплементирани во оваа програма за обука на Кока-Кола не се дел од наставната програма на компанијата. Обуката вклучува пристап до платформата LinkedIn Learning на различни теми, вклучително и за различноста, правичноста и вклученоста на луѓето во организацијата. Ние ќе продолжиме да ги слушаме нашите вработени и да ги рафинираме нашите програми за учење како што е соодветно. Целта е заедно да овозможиме поинклузивна заеднична работна околина“, се вели во соопштението на компанијата.
Поранешниот претседател Доналд Трамп во септември минатата година им забрани на федералните агенции да ги подложуваат своите вработени на обука заснована врз теоријата на критична раса, откако откри дека станува збор за „разединувачка, антиамериканска пропаганда“. Претседателот Џо Бајден ја укина таа забрана минатиот месец на неговиот прв ден на функцијата.
Кока-Кола претходно произведе „Водич за алијанса“ за вработените среде бранот антирасистички немири во САД минатото лето. Критичарите веруваат дека најновите напори за расна будност од страна на компанија како Кока Кола нема да бидат корисни за вработените со која било боја на кожа.
„Вие не создавате поздрава работна средина. Вие не правите ништо друго освен да создадете поголема поделба и да научите… голем дел од вашиот персонал да се мрази себеси“ – вепи познатиот психолог Борисенко.
Да се надеваме дека Пивара Скопје АД по примерот на американските колеги нема да направи маркетинг кампања и обуки за национални теми, и на тој начин да ја дефокусира јавноста од големото загадување со PP отпад, особено за време на летните месеци.