СУРОВА НАФТА

Цените на нафтата пораснаа, а ќе се зголемат и испораките

Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините партнери предводени од Русија – ОПЕК+, одлучија да ги зголемат испораките во следните месеци по препораката на Вашингтон да се задржат цените прифатливи за потрошувачите.

Извор: pexels

Цените на суровата нафта сепак денеска пораснаа за над 3,0 проценти, па така цената на северноморската сурова брент „Брент“ порасна за 3,38 проценти на 64,86 долари за барел, додека американскиот „WTI“ порасна за 3,87 проценти на 61,45 долари за барел во азиското тргување до 8:40 часот по средноевропско време.

Групата ОПЕК + вчера постигна договор за зголемување на производството за 350.000 барели дневно во мај, за уште 350.000 барели во јуни и за околу 400.000 барели во јули.

Побарувачката за енергија ослабена како резултат на третиот бран на панемијата на коронавирусот и дискусијата се префрла на можноста за зголемување на производството бидејќи американските власти први јавно коментирале за цените на нафтата.