BABY STYLE

Британскиот ексклузивен бренд го лансираше најмалиот модел со цена од само 550 американски долари

Британската фабрика за автомобили Bentley е позната по луксузни и скапи автомобили, најпосле одлучи еден од нивните најнови модели да чини само 550 американски долари.

Извор: google

Британската фабрика за автомобили Bentley е позната по луксузни и скапи автомобили, најпосле одлучи еден од нивните најнови модели да чини само 550 американски долари.

Во овој случај станува збор за возило со три тркала, односно количка пуштена под името Bentley Trike, што производителот го опишува како комбинација на „елеганција, функционалност и високо прилагодлив дизајн“, пишува порталот мотор1.

Станува збор за бебешки модел на количка која е достапна во бои од палетата на Bentley и наменета е исклучиво за деца не помлади од една година.

Извор: google

Инаку седиштето може да се ротира за 180 степени со едноставно притискање на копче, а како што расте детето, потпирачите за нозе може да се прилагодат и на крајот целосно да се отстранат за да му се овозможи на детето пристап до педалите, така што количката има и функција за велосипед.

Исто така е можно да се отстрани потпирачот за грб, преклопен заштитен капак, рачка за притискање и безбедносни ремени.

Во зависност од возраста на детето, Bentley Trike може да се трансформира во шест различни форми. Тој е опремен со 12 безбедносни карактеристики, што го прави „убедливо најсофистициран трицикл на пазарот“.