Извор: ЕПА
Системот за алармирање во случај на елементарни непогоди во Германија денес се најде на удар на критиките поради доцното предупредување на граѓаните за време на поплавите што минатата недела ги погодија западните делови на Германија.
„Кога станува збор за заштита од катастрофи, ние сме исто толку лошо подготвени како што бевме со пандемијата“, изјави за „Рајнише пост“ Карл Лаутербах, портпарол на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД).
Тој рече дека Германија треба да биде подобро подготвена за вакви случаи затоа што во иднина ќе има „и повеќе пандемии и повеќе катастрофи“ како онаа што ја погоди Германија минатата недела.
Политичарот на опозициската Либерално-демократска партија (ФДП), Мајкл Теурер зборува за „целосен колапс на системот за тревога“ и посочува дека германските власти биле предупредени неколку дена пред обилните дождови за можноста од излевање на реките од нивните корита.
„Навремените предупредувања од метеоролозите не беа предадени на населението и таму не успеаја и властите и јавниот медиумски сервис“, рече Теурер.
Дебатата во Германија се разгоре откако британските медиуми јавија за изјавите на некои експерти кои велат дека Германија повеќе пати била предупредувана од европските институции за пристигнување на огромни количини на врнежи.
Девет дена претходно, Германија доби предупредување, а 24 часа порано прецизни податоци
Хана Клок, британски хидролог и коавтор на Европскиот систем за предупредување од поплави (ЕФАС), изјави дека Германија е предупредена на можноста 24 часа пред да се излее реката Ахр. Подоцна, над 100 луѓе загинаа на овие простори.
„Првите индикации дека се подготвуваа катастрофи беа испратени во Германија девет дена пред излевањето на реката, а 24 часа претходно, Германија доби прецизни информации за тоа каде ќе се појават поплавите“, изјави Клок за „Сандеј тајмс“.
Таа, исто така, за германскиот јавен сервис ЗДФ изјави дека Германија била предупредена, но дека очигледно имало „синџир предупредувања што на крајот не стигнале до граѓаните“.
Министерството за внатрешни работи на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, една од двете најпогодени провинции од поплавите, призна дека уште во минатиот понеделник, два дена пред поплавите, дознало дека се гледа „екстремно невреме“ над погодената област.
Шефот на Федералната канцеларија за цивилна заштита и помош од катастрофи, Армин Шустер, се бранеше од критики и тврдеше дека „инфраструктурата за тревога“ функционира на ниво на комуникација меѓу федералните и локалните власти.
„Издадовме над 200 предупредувања преку нашите апликации и медиуми“, рече Шустер.
Тој истовремено рече дека не е можно прецизно да се каже каде може да се излеат реките.
Шустер повика на повторно влегување на сирената мрежа во системот за тревога, што исто така би функционирало во случај кога, како што беше случај минатата недела, да пропаднат мобилните телекомуникациски мрежи.
Најмалку 189 лица беа убиени
Да потсетиме, во поплавите што погодија делови од Западна Европа загинаа најмалку 189 лица, а стотици се водат како исчезнати. Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови, а многумина сè уште немаат пристап до електрична енергија и вода за пиење.
Поплавите, предизвикани од рекордни врнежи од дожд, најпрво погодија делови од Западна Германија, а потоа и од соседните Белгија и Холандија. Откако во саботата водостојот на реката Маас се искачи на нивото што не се гледа во последните сто години, неколку области преку југот на Холандија остануваат под евакуација. Само во градот Венлу, сместен веднаш до реката, 10 000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Катастрофалната скала на поплавите во Германија
Во Германија, во меѓувреме, откако водата се повлече, беше откриен вистинскиот степен на уништување каде што поројите оставија пустош, кал и хаос зад себе. Цели градови се однесени,
Цели градови, пруги и патишта беа зафатени, а најмалку 158 луѓе загинаа во, како што рече германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, како „најголемата природна катастрофа“ на векот.
Убедливо најголем број на смртни случаи е забележан во западната провинција Рајнска област-Пфалц, каде животот го загубија 110 лица.
Токсична кал?
Откако водата се повлече, Германците сега се соочуваат со големи наноси од кал кој што може да предизвика нов бран епидемии.
Бидејќи скоро сите канализациони цевки беа уништени за време на поплавите, водата за пиење и канализацијата се мешаат, објасни експертот за хигиена и заразни болести Клаус-Дитер Застроу за Билд.
“Ова значи дека постои висок ризик од заразување со разни болести. Може да бидеме заразени со колера, на пример”, рече Застроу.