JOINT VENTURE

„Аpple“ ќе соработува со "Hyundai-Kia" во производство на електрични автомобили

Aмериканската компанија „Apple“ е на пат да развие сопствено патничко возило, а според неофицијалните информации, околу 100.000 автомобили да се најдат во продажба во 2024 година.

Извор: google

Aмериканската компанија „Apple“ е на пат да развие сопствено патничко возило, а според неофицијалните информации, околу 100.000 автомобили да се најдат во продажба во 2024 година.

Компанијата го започнала овој проект под името „Титан“ уште во 2014 година со тим од над 1000 инженери, а сега се најавува соработка на Hyundai-Kia со Apple за заедничко производство на автономни електрични возилa.

Tехнолошкиот гигант сака да го произведе „Apple Car“ во Северна Америка со емиентен производител на автомобили, подготвен да му дозволи на Apple да го контролира софтверот и хардверот што ќе ги има во возилото.

Ова возило ќе користи комплетно нова технологија на батериите со што би се намалиле трошоците. Според некои податоци, се истражува и можноста за употреба на т.н. LFP батерии, кои помалку се загреваат и не содржат кобалт.

Извор: google

Пресметките велат дека во случај на ваква соработка, досегот на автомобилот на платформата на Hyundai-Kia би бил околу 500 км, максималната брзина поголема од 250 км на час, а брзината од 0 до 96 км на час би се постигнала за помалку од 3,5 секунди.

Веста за потенцијалното спојување на двете компании во ваков потфат предизвика нагол скок на акциите на „Hyundai“, од околу 20 отсто со што се зголеми нејзината пазарна капитализација за околу осум милијарди долари.

Сепак, во зависност од развојот на настаните со пандемијата, можно е пролонгирање на зацртаната цел за 2024 година. На Илон Маск од компанијата „Тесла“ му требаа повеќе од 15 години пред да го оствари првиот профит од производството на електрични возила, па многумина се прашуваат дали оваа инвестиција на “Apple” е исплатлива во ваков прифатлив рок.

Имајќи го предвид дизајнот и квалитетот на производите на Apple, нема да нè зачуди ако и овој автомобил ценовно биде достапен само за ограничена група на луѓе.