Извор: google
Интернет платформата за трговија „Амазон“ ги отфрли обвинувањата на републиканскиот сенатор од Висконсин дека вработените во дистрибутивните центри на таа компанија се под толку голем притисок што мораат да уринираат во шишиња. Компанијата наведува дека ако ова е вистина, никој не би работел за нив.
Сенаторот Берни Сандерс по посетата на еден од дистрибутивните центри на малопродажниот гигант во Алабама, го критикуваше извршниот директор на Amazon, Џеф Безос дека слушнал и видел „докази за тешки работни услови, долг престој на работното место и недостаток на безбедност“ од вработен во компанијата.
Среде обвинувањата за исцрпувачки услови, Amazon ги обесхрабри обидите на своите работници да се организираат за штрајк, сметајќи дека тоа има политичка позадина.
Извор: google
Обвинувањата од сенаторот кон технолошката компанија се однесуваат на практиката на Amazon, што наводно вклучува строги квоти за производство, долго време поминато на работното место и недоволни паузи.
„Плаќањето на работниците 15 долари на час не ве прави работодавец кој нуди прогресивни работни места во момент кога уништувате синдикат и ги терате работниците да мократ во шишиња со вода“, сметаат високи претставници на Сенатот.
Потоа следуваше одговорот на Amazon:
„Вие навистина верувате во уринирање во шишиња, нели? Да беше тоа точно, никој не би работел за нас. Вистина е дека имаме над милион исклучителни вработени низ целиот свет кои се горди на она што го прават и за што добиваат заслужена плата и заштита на работното место”.