Извор: google
Десет светски корпорации ги контролираат сета храна и пијалоци што ги конзумира населението секојдневно. Тоа се компаниите „Nestlé“, „PepsiCo“, „Coca-Cola“, „Unilever“, „Danone“, „General Mills“, „Kellogg’s“, „Mars“, „Associated British Foods“ и „Mondelez“ – кои вработуваат илјадници луѓе и остваруваат приходи од милијарди на годишно ниво.
Со цел да ги натераат компаниите да направат позитивни промени во нивната работа и да ги освестат потрошувачите за тоа кој ги контролира брендовите што ги купуваат, невладината организација „Oxfam“ создаде голем инфографик што покажува како брендовите всушност се поврзани. Во продолжение ви ги претставуваме 10-те корпорации најзаслужни за светското население да не остане гладно и жедно:
Kellogg’s
Приходи за 2015-та година: 13,5 милијарди долари. Покрај „Froot Loops“ и „Frosted Flakes“, „Kellogg’s“ исто e сопственик на брендовите „Eggo“, „Pringles“ и „Cheez-It“.
Извор: google
Associated British Foods
Приходи за 2015-та година: 16,6 милијарди долари. Британската компанија поседува брендови како „Dorset Cereals“ и чаевите „Twinings“.
Извор: google
General Mills
Приходи за 2016-та година: 17.6 милијарди долари. „General Mills“ е добро позната со житарките „Cheerios“ и „Chex“, но освен тоа ги има и брендовите, како „Yoplait“, „Hamburger Helper“, „Haagen-Dazs“ и „Betty Crocker“.
Извор: google
Danone
Приходи за 2015-та година: 24,9 милијарди долари. Корпорацијата е позната по своите јогурти „Activia“, „Yocrunch“ и „Oikos“, но продава и медицинска храна, како и флаширана вода.
Извор: google
Mondelez
Приходи за 2015-та година: 29,6 милијарди долари. Стекна слава благодарение на брендовите „Oreo“, гумите за џвакање „Trident“ и „Sour Patch Kids“.
Извор: google
Mars
Приходи за 2015-та година: 33 милијарди долари. „Mars“ не треба посебно да се претставува, особено прочуен е по „M & M“ и чоколатцата во кои сите ууживаме, но освен тоа има и брендови како оризот „Uncle Ben’s“, „Starburst“ и гумите за џвакање „Orbit“.
Извор: google
Coca-Cola
Приходи за 2015-та година: 44,3 милијарди долари. Освен газарините пијалаци на „Coca-Cola“, гигантот продава и безалкохолни пијалаци како „Dasani“, „Fuze“ и „Honest Tea“.
Извор: google
Unilever
Приходи за 2015-та година: 59,1 милијарди долари. Под капата на овој производител влегуваат дезодорансот „Axe“, чаевите „Lipton“, сладоледот „Magnum“ и мајонезот „Hellmann’s“.
Извор: google
PepsiCo
Приходи за 2015-та година: 63 милијарди долари. Покрај газираните пијалоци, „PepsiCo“ ги поседува и брендовите како житарките „Quaker Oatmeal“, „Cheetos“ и „Tropicana“.
Извор: google
Nestlé
Приходи за 2015-та година: 87 милијарди долари. Освен добропознатите слатки задоволства на „Nestle“, како дел од асортиманот ќе ги споменеме и помалку познатите како бебешката храна „Gerber“, „Perrier“, „DiGiorno“ и „Hot Pockets“, но и чоколадните производи кои ги продаваат под брендовите „Butterfinger“ и „KitKat“.
Извор: google