Извор: facebook
Обраќање на незадоволен потрошувач од непрофесионалноста на односот од вработен во продажен објект од компанијата МИК Свети Николе, кое го пренесуваме во целост.
Цитираме:
„НЕКУЛТУРНИ ПРОДАВАЧИ
Почитувани,
Пред месец дена влеговме во продавницата на МИК Свети Николе, кај пазарот во Велес со намера да купиме неколку видови на месо. Ја прашавме продавачката дали имаат сечкано месо за пити. Таа ни одговори позитивно. Порачаваме 600-700 грама. Во меѓувреме заклучивме дека таа количина ни е малку и побаравме да додаде уште 200 грама. И наместо да не услужи продавачката ни одговори: кој ќе оди пак до фрижидерот. Патем, фрижидерот и беше на три метри.
Се погледнавме со сопругата, дали да и возвратиме на нејзината нељубезност. Плативме и си заминавме. И НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ВЛЕЗЕМЕ ТАМУ ДА КУПУВАМЕ.
Која ми е поентава на овој мејл. Дали фирмиште што имаат малопродажба го обучуваат својот кадар да ги претставуваат во најдобро светло или ги оставаат вработените во малопродажбата да се претставуваат себеси онакви какви што се како личности.
Поздрав,
Никола“
konkurencija.mk реакциите од незадоволни потрошувачи ќе ги објавува во рубриката „крик на потрошувачот“ сè со цел подобрување на истите.