АКЦИЈА, ЗАПЛЕТ, СЕ ЧЕКА РАСПЛЕТ…

Сашо Мијалков останува во притвор

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков останува зад затворски решетки, покрај претходното известување од страна на Апелација дека ќе биде прифатена гаранцијата од 11 милиони евра за негово ослободување од притвор, којшто му беше определен за случајот на масовно прислушување.

Извор: google

-Кривичниот совет по добивање на предметот, одржа седница и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена

Кривичниот совет одржа седница и го прифати предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор во предметот „Плацеви на Водно“ во којшто Мијалков е исто така обвинет.

Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1, односно дека сепак постои сериозна опасност од бегство, соопштија доцна вечерва од Кривичен суд во Скопје.
Обвинетиот Сашо Мијалков има право на жалба пред Апелацискиот суд,