ФОТЕЉАТА И НАРОДОТ

Вучиќ се уплаши за фотељата, народот победи, масовните протести против Рио Тинто вродија со резултат

Денес во попладневните часови беше повлечен предлогот на Законот за експропријација и правото на сопственост на земјиште поради кој беа организирани масовните протести од страна на иницијативата „Крени – Промени“ на чело со Саво Манојловиќ. Протестите беа против промената на законот заради отпочнување на работата на рудникот за литиум од страна на озлогласената интернационална корпорација Рио Тинто.

Извор: google

Самите протести на почетокот беа организирани без политички субјекти но покасно беа општонародно прифатени од страна пред се на екологистите, спортистите како Новак Ѓоковиќ и многу други, глумците, опозициските лидери, а имаше и присуство на поединци од позициската партија на Вучиќ.

Што значи Законот за експропријација и правото на сопственост на земјиште?
Измените кои беа предложени во овој закон се однесуваа на правото на одземање на земјиште во сопственост на физички лица од страна на државата поради одредена државна одлука, или подобро кажано за овозможување на профитирање на компании или поединци под различни изговори. Во овој случај требаше да се овозможи чистење на одредена територија за овозможување на корпорацијата Рио Тинто да отвори рудник за литиум.

Извор: google

Победата која ја издејствува народот во Србија е само добар пример за целиот Балкански регион како треба да се реагира против неправилното работење на владите и стекнувањето на профит на поединци или корпорации кои се штетни по животната средина и квалитетот на животот кај луѓето кој живее на овие простори без разлика на границите, религиска и национална припадност.

Вучиќ ја увиде решителноста на народот и сериозноста на протестите поради што го повлече предлог законот.

Извор: google