РЕДИЗАЈН НА ЕВРОТО

Се менува дизајнот на еврото

ФРАНКФУРТ – Европската централна банка (ЕЦБ) планира да ги редизајнира банкнотите на еврото до 2024 година, а ќе спроведе истражување меѓу европските граѓани, кое очекува да доведе до конечна одлука за идниот изглед на банкнотите.

Извор: google

ФРАНКФУРТ – Европската централна банка (ЕЦБ) планира да ги редизајнира банкнотите на еврото до 2024 година, а ќе спроведе истражување меѓу европските граѓани, кое очекува да доведе до конечна одлука за идниот изглед на банкнотите.

Процесот на редизајн ќе започне со формирање на фокус групи, чија задача е да ги соберат мислењата на луѓето ширум еврозоната за можните лајтмотиви на идните банкноти на еврото, објавено е на официјалната веб-страница на ЕЦБ.

Групата, составена од по еден експерт од секоја земја-членка на еврозоната, ќе достави до Управниот совет список со своите предложени мотиви за новите банкноти.

ЕЦБ веќе назначи членови на оваа советничка група врз основа на предлозите на националните централни банки на еврозоната, кои доаѓаат од различни области како што се историјата, природните и општествените науки, визуелните уметности и технологијата.

Дизајнот на постоечките евро банкноти се заснова на историски „епохи и стилови“, кои се симболизирани со прозорци, врати и мостови.

„Евро банкнотите се тука да останат. Тие се опиплив и видлив симбол на нашето единство во Европа, особено во време на криза, а за нив се уште има голема побарувачка. „После 20 години, време е да се преиспита изгледот на нашите банкноти за да изгледаат како Европејци од сите возрасти и потекло“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

По предлогот на советничката група, ЕЦБ ќе ја покани јавноста да гласа за мотивите кои влегоа во потесен избор, ќе распише конкурс за дизајн на нови банкноти, по што повторно ќе се консултира јавноста, за да може Управниот совет да донесе конечна одлука.

Најновата студија за навиките за плаќање на потрошувачите во еврозоната покажа дека готовината останала најпопуларното средство за плаќање во малопродажбата во 2019 година. И покрај зголемувањето на безготовинскиот начин на плаќање за време на пандемијата, побарувачката за готовина продолжи да расте, што е последица на тоа што готовината се перципира како „чувар“ на вредноста, јави Танјуг.

Како дел од стратегијата „Каш 2030“, Евросистемот презема конкретни чекори за да обезбеди дека готовината ќе продолжи да биде достапна и прифатена како платежно средство во иднина и по можното лансирање на дигиталното евро, се вели во соопштението на ЕЦБ.

Извор: google