iPhone13

Новиот iPhone направи невиден хаос во кинеските продавници

Новиот модел на популарниот бренд повторно направи хаос на првиот ден од пуштањето во продажба. Во Кина, навала на граѓани кои со часови во редици чекаа да го купат новиот iPhone. На видеото во продолжение се гледа како илјадници вознемирени Кинези чекаат да се отворат вратите на трговскиот центар и да побрзаат до продавницата за телефони за да купат нов „iPhone 13“.

Извор: google

Новиот модел на популарниот бренд повторно направи хаос на првиот ден од пуштањето во продажба.

Во Кина, навала на граѓани кои со часови во редици чекаа да го купат новиот iPhone. На видеото во продолжение се гледа како илјадници вознемирени Кинези чекаат да се отворат вратите на трговскиот центар и да побрзаат до продавницата за телефони за да купат нов „iPhone 13“.

Дисциплинираните Кинези и во ваква ситуација се придржуваа до мерките за носење заштитна маска, но желбата да се добие новиот телефон на Apple не можеше да ги натера да одржат и доволно растојание. Сепак, поради неконтролираниот налив на купувачи, продавницата била приморана дента на 24 септември да ја стопира продажбата и многутте фанови на iPhone да ги врати назад веќе следниот ден.