Извор: google
АНКАРА – Турција нема капацитет да се бори против евентуалниот нов бран бегалци од Авганистан, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со неговиот германски колега Франк -Валтер Штајнмаер.
Како што беше објавено од кабинетот на Ердоган, тој посочи дека Германија и другите земји – членки на ЕУ треба да им помогнат на соседите на Авганистан „за да можат да го поднесат товарот на авганистанската миграција“, пренесува АП.
Ердоган подвлече дека Турција нема капацитет да се бори против новиот товар на мигрантите, се вели во соопштението.
Тој додаде дека никој не сака да ги доживее искуствата слични на оние кога започна бранот бегалци од Сирија во 2015 година, кога стотици илјади луѓе пристигнаа во Грција со бродови од Турција на пат да побараат азил во попросперитетните земји на ЕУ.
Ергодан му рече на Штајнмаер дека ЕУ треба „да преземе итни чекори“ за да обезбеди спроведување на договорот од 2016 година со Турција, кој потоа вети дека ќе го запре приливот на мигранти во Европа во замена за безвизен режим и значителна финансиска помош, пренесува Танјуг.
Тој нагласи дека овие чекори треба да бидат продолжување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, обновување на царинската унија и гаранција за безвизен режим за турските граѓани.