Извор: google
Откако во едно складиште во Јужна Африка се случи голема кражба на Samsung производи односно телевизори, компанијата реши тие украдени телевизори да ги направи неупотребливи за понатамошна продажба.
Заради оваа кражба во компанијата Samsung одлучија оваа функција да биде вградена во сите телевизори на електронскиот гигант.
Samsung практично демонстрираше нов трик за да спречи кражба на телевизори. Електронскиот гигант може од далечина да заклучи украден ТВ, така што тоа парче техника за крадецот ќе стане неупотреблив и воедно не атрактивна роба за понатамошна продажба.
Компанијата одлучи во иднина оваа функција да биде вградена во сите телевизори што ги продава Samsung , а сега за првпат е во широка употреба по провалата во складиште во Јужна Африка.
Штом телевизорот за кој е пријавено дека е украден ќе се поврзе на Интернет, Samsung ја блокира неговата употреба. За да заклучи украден ТВ, Samsung треба да го знае сериски број на апаратот. Телевизорот тогаш може да се отклучи само ако држачот покаже валидна потврда за купување или на друг начин докаже дека е вистинскиот сопственик.
Воедно Samsung наведува дека оваа функција не е насочена кон блокирање на индивидуалните телевизори украдени од потрошувачите, туку првенствено треба да се користи за големи кражби од магацини и залихи како би се спречила неовластена препродажба и оштетување на нивните продажни таргети.