Извор: google
ХАМБУРГ – Африканската свинска чума (АСФ) беше потврдена за време на викендот на друга фарма, трета по ред, во источна германска провинција Бранденбург, објавија германските власти.
Инфекцијата избувна на мала фарма која има само четири свињи, а се наоѓа во зоната на забрани каде што оваа болест е честа кај дивите свињи, објави Министерството за здравство на Бранденбург, пренесува Ројтерс
Претходно, африканската свинска чума беше откриена минатата недела на две блиски фарми.
Кина и други купувачи на свинско месо забранија увоз на германско свинско месо во септември 2020 година, откако беше потврден првиот случај на оваа болест кај дива свиња.
Пазарните експерти проценуваат дека откривањето нови случаи на фармите нема да има големо влијание на пазарот затоа што германскиот извоз на свинско месо е веќе забранет од многу увозници надвор од ЕУ, пренесува Танјуг.
Болеста не е опасна за луѓето, но е смртоносна за свињите, според Ројтерс.