Извор: google
ТОКИО – Властите на Токио денес објавија дека се регистрирани уште 1.271 случај на коронавирус, што е трет ден по ред во кој главниот град на Јапонија бележи повеќе од 1.000 заразени лица, пренесува Танјуг.
Оваа бројка ја загрижи тамошната јавност, особено поради фактот што остануваат уште седум дена до почетокот на Олимписките игри (23.07 – 8.08).
Главниот град, кој во моментов е на четврто ниво, бележи зголемување на бројот на пациенти, така што во четвртокот имало 1.308 заразени, што е најголема бројка од крајот на јануари.