Извор: google
ЛОНДОН – Британските власти денеска им соопштија на социјалните мрежни платформи дека мора да преземат нешто поради расистичките пораки испратени до англиските црни фудбалери по поразот во финалето на Европското првенство во фудбал, или во спротивно ќе се соочат со последиците.
„Треба да се осигураме дека тие платформи преземаат акција, и ако не го сторат тоа, владата ќе преземе мерки против нив“, изјави Стивен Баркли, генералниот секретар на британското Министерство за финансии, за „Скај њуз“.
Најмалку тројца црни играчи на англиската репрезентација биле изложени на расистички напади на социјалните мрежи од финалето што се одржа во неделата вечер, според Танјуг.
„Тајмс“ објави дека владата во Лондон сака платформите да дадат детали за оние кои објавувале расистички коментари.
Фудбалерите на Англија, Маркус Рафорд, Јадон Санчо и Букајо Сака, кои промашија пенали во финалето на Европското првенство, се најдоа на удар на расистите на социјалните мрежи. По подобро изведување на пенали, Италија ја совлада Англија и ја освои титулата европски првак, а Рашфорд, Санчо и Сака беа непрецизни од белата точка.
Извор: google
Социјалните мрежи беа преплавени со расистички пораки на сметка на Англичаните со темна кожа, па реакциите од Островот беа остри.
„Луѓето кои пишуваат вакви работи не се добредојдени во фудбалот. Ние целосно ги поддржуваме нашите играчи и бараме најстроги казни за одговорните за навредите. Продолжуваме заедно да се бориме против дискриминацијата. Бараме од сопствениците на социјалните мрежи да ги исфрлат од своите платформи оние што си дозволуваат ужасни работи “, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Англија, пренесува РТС.
Реагираше и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.
„Овој англиски тим заслужува да биде прогласен за херој, а не да биде навреден од расна основа. „Оние што навредуваат треба да се срамат“, напиша Џонсон на Твитер.
Полицијата соопшти дека тие веќе презеле чекори за откривање на сторителите и најавуваат обемна истрага.