Извор: google
Компанијата „Вирџин Галакси“ на милијардерот Ричард Бренсон денес ќе изврши пробен туристички лет во вселената.
Брансон ќе биде меѓу шесте патници во неговата ракета што треба да полета од наменскиот комерцијален космодром SpacePort America, во американската сојузна држава Ново Мексико.
Времето на полетувањето сè уште не е објавено, но компанијата соопшти дека преносот во живо ќе започне во 7 часот по локално време, што е во 15 часот по средноевропско време, пренесуваат американските медиуми.
My mission statement is to turn the dream of space travel into a reality - for my grandchildren, for your grandchildren, for everyone.
— Richard Branson (@richardbranson) July 11, 2021
Watch the launch of the next space age at 6 am PT | 9 am ET | 2 pm BST on https://t.co/1313b4RAKI @virgingalactic #Unity22 pic.twitter.com/JpqXx8cy04
Носачот на авион ќе полета од пистата и ќе го лансира вселенското летало на „Virgin Galactic“ наречено VS Unity на надморска височина од 15 километри, а двајца пилоти ќе ги стартуваат погонски ракетни мотори што би требало да го однесат леталото над 80 километри на надморска височина односно раздалечина што се смета за граница на вселената.
Патниците, Бреносн и претставниците на неговата компанија, ќе можат да се одврзат и да уживаат во бестежинска состојба неколку минути.
Авионот потоа ќе се врати на пистата од која замина.
Извор: google
Wake up and watch the launch of the next space age! Our crew of #Unity22 mission specialists including @RichardBranson are just hours away from our test flight launch.
— Virgin Galactic (@virgingalactic) July 10, 2021
Watch live tomorrow at 6 am PT | 9 am ET | 2 pm BST on https://t.co/5UalYT7Hjb. pic.twitter.com/mtpHIzjADa
Брансон сака лично да го оцени искуството за идните клиенти што се очекува да полетат од 2022 година.
Околу 600 луѓе веќе купиле билети во опсег од 200 000 до 250 000 УСД.
„Кога ќе се вратиме, ќе објавам нешто многу возбудливо за да им дадам на повеќе луѓе можност да станат астронаути“, вети тој.
Конкуренцијата на овој проект е милијардерот, Џеф Безос, преку неговата компанија која работи на сличен проект, наречен „Blue Origin“, кој планира да го лансира своето летало на 20 јули, на годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година. Ракетата „New Shepard“ го носи името на Алан Шепард, првиот Американец во вселената.
Join us July 11th for our first fully crewed rocket powered test flight, and the beginning of a new space age.
— Virgin Galactic (@virgingalactic) July 1, 2021
The countdown begins. #Unity22
https://t.co/5UalYT7Hjb. @RichardBranson pic.twitter.com/ZL9xbCeWQX
Иако се најавуваше со години, ерата на вселенскиот туризам ќе зависи од успехот на овие пробни летови.
Во 2014 година, Вирџин Галакси се сруши, убивајќи го пилотот, предизвикувајќи големо одложување на програмата.
Извор: Танјуг