РАЗЛИЧНО МИСЛЕЊЕ И СТАВ

ОРБАН Е ВО ПРАВО? - децата не смеат да бидат под влијание на „европските вредности“ врзани за ЛГБТ заедницата

Напнат е дијалогот помеѓу холанскиот премиер Марк Руте на самитот на лидерите во Брисел каде директно го нападнал унгарскиот премиер Виктор Орбан во свое и во име на Европската Унија со прашање околу европските заложби и вредности.

Извор: google

Напнат е дијалогот помеѓу холанскиот премиер Марк Руте на самитот на лидерите во Брисел каде директно го нападнал унгарскиот премиер Виктор Орбан во свое и во име на Европската Унија со прашање околу европските заложби и вредности.

Имено станува збор за обраќањето на Руте кој лично му се нафрлил на унгарскиот премиер Виктор Орбан со прашањето:
„Виктор, ако го направите тоа, зошто и натаму сакате да бидете во ЕУ?“, му рекол Руте на Орбан, според еден дипломат.

Холандскиот премиер Руте притоа го подсетил и посочил Членот 50 кој им овозможува на земјите да излезат од блокот.

Извор: google

Во помош на Руте дојде и изјавата на Шведскиот премиер Стефан Левен кој кажа дека на неговите граѓани им е преку глава буџетските средства да одат во земји кои не ги почитуваат вредностите и демократските принципи на ЕУ, мислејќи на Унгарија.

Орбан, тврди дека законот е во интерес на заштитата на правата на децата, и дека наметнувањето на „европските вредности“ не смеат да се пропагираат кон децата. Орбан доби поддршка од словенечкиот премиер Јанез Јанша, инсистирајќи дека многу врева се крена за ништо.

Извор: google

Унгарската министерка за правда Јудит Варга на холандскиот премиер Марк Руте му возврати дека тој зборува со речникот на старата колонијална ароганција, откако тој рече дека за Унгарија веќе нема место во Европската Унија по донесувањето на законот кој забранува промовирање на хомосексуалноста меѓу младите.

„Додека сум жива, ќе се борам со сите можни средства да не мора унгарскиот народ да клечи пред Руте или некој друг колонијалист. Холандскиот лидер со ова се отпиша себеси од кругот на цивилизирани луѓе“, напиша Варга на нејзиниот профил на Фејсбук.

Според Министерката за правда, овие изјави на Руте се само епизода од серијалот на политички уцени и не почитување на поинаков став и мислење спротивно од ЕУ заложбите.

„Унгарија не сака да ја напушти ЕУ. Напротив, ние сакаме да ја спасиме од европски лицемери“, додаде Варга.

Извор: google