ИСТОРИСКА ДАНОЧНА ОДЛУКА

Дали наскоро мултинационалните компании како Кока Кола ќе го плаќаат данокот во државите каде што заработуваат?

Што ги чека даночните раеви по историската одлука на Г7? Во иднина, данокот ќе се пресметува таму каде што гигантските компании ја вршат својата деловна активност, и не само таму каде што се наоѓаат нивните седишта, како што беше досега.

Извор: google

Што ги чека даночните раеви по историската одлука на Г7? Во иднина, данокот ќе се пресметува таму каде што гигантските компании ја вршат својата деловна активност, и не само таму каде што се наоѓаат нивните седишта, како што беше досега.

На 5-ти Јуни, Г7 постигна историски глобален предлог односно договор за минималната стапка на данок на добивка, кога станува збор за мултинационални компании. Што значи тоа? Тоа значи дека мултинационалните компаниите како што се Кока Кола во иднина ќе треба данокот да го плаќаат во државата каде што произведуваат и заработуваат, а не во Грција на пример каде што се наоѓа нивната централа за Балкан или во Луксембург каде што е лоцирана нивната центарала за Европа, односно светот.

Агенциите објавија дека министрите за финансии на Групата 7 најиндустријализирани земји постигнале договор дека даночната стапка за компаниите, како што се Гугл, Епл, Фејсбук, Кока Кола и Амазон, не може да биде под 15 проценти. Патем, овие седум земји ги вклучуваат САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија.

Во иднина данокот ќе се пресметува таму каде што ги прават овие гигантски компании и не само таму каде што се наоѓаат нивните седишта, како што беше досега. Во минатото, тие често ги пријавуваа своите седишта во земји со ниски даночни стапки и ги префрлуваа своите профити таму, иако заработувачката ја заработуваа со продажба на други пазари.

Како што беше наведено на состанокот, ова е историски момент, а секако зборуваше и американската министерка за финансии, Џенет Јелен, која ја поздрави новата одлука за минималната стапка на данок на доход и рече дека тоа ќе биде поттик за земјите да се натпреваруваат на позитивна основа.

Извор: google

Слични проценки дадоа и други официјални претставници на земјите од Г7. Состанокот на министрите за финансии на Г7 се одржа пред годишниот самит на лидерите на групата, што ќе се одржи од 11 до 13 јуни во Корнвол.

Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, потврди дека седумте најважни индустриски земји ја поддржаа оваа одлука и рече дека тоа е добра вест за даночната правда и солидарност, но е лоша вест за даночните раеви ширум светот.

– Компаниите веќе нема да можат да ги избегнуваат своите даночни обврски со објавување профит во земјите со најниска даночна стапка. Стабилните приходи од данок се важни за да се осигури дека државите можат да ги извршуваат своите должности, што ќе биде уште попотребно по пандемијата „ковид-19“ – нагласи Шолц.

Тој исто така е убеден дека Ирска ќе има добра основа за привлекување инвестиции и работни места од странски мултинационални компании и во рамките на новите меѓународни даночни правила договорени од Група 7.

Ирскиот министер за финансии, Паскал Донахју, рече дека секој конечен договор за реформа на глобалните правила за данок на добивка мора да ги задоволи потребите и на малите и на големите земји. Таа земја, патем, има даночна стапка од 12,5 проценти. Донахју додаде дека очекува поширока дискусија за ова во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Ирска многумина ја сметаат за даночен рај поради нејзините даночни и економски политики.

Извор: google

По повод договорот, францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, рече дека тоа е само почетна точка и дека неговата земја ќе се бори во следните месеци да ја задржи што е можно повисока стапка на данок на доход.

Италијанскиот министер за финансии и економија Даниеле Франко изрази надеж дека сличен даночен договор ќе биде постигнат и на финансискиот самит Г20 во Италија во јули, откако Групата седум (Г7) денеска се согласи да воведе повисоки глобални даноци за мултинационални компании.

„Веруваме дека ќе постигнеме договор и на ниво на Г20, така што овие столбови ќе станат референтна точка за реформа на глобалниот даночен систем“, рече Франко, пренесува Ројтерс. Италијанскиот министер исто така посочи дека новите правила не се насочени само кон компаниите во дигиталниот сектор, туку важат и за сите мултинационални компании како Кока Кола и други.