ПРЕСУДА ВО КОРИСТ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ

„Shell“ мора значително да ги намали емисиите на стакленички гасови

Додека брилијантната екипа на Сашка Цветковска преку серијалот „Заговор против воздухот“ ја тресе јавноста со горење на недозволивиот мазут користен од многу компании во Македонија, во Холандија судот донесе одлука дека нафтениот гигант „Shell“ до 2030 година мора да ги намали своите емисии на стакленички гасови за 45 проценти, по одлуката на судот во Холандија.

Извор: google

Компанијата, која има намера да поднесе жалба до повисок суд, е осудена на намалување на емисиите за 43 проценти до 2030 година во споредба со нивото од 2019 година. Претходно оваа година, Шел постави цел да го намали интензитетот на јаглерод – мерка за количината на емитиран јаглерод диоксид во врска со употребата на енергија – за 6 проценти до 2023 година, за 45 проценти до 2035 година и 100 проценти до 2050 година, во споредба со нивото од 2016 година.

Според судот, климатските цели на Шел не се доволно конкретни. Или како што сумираше судијата: „Не е доволно“.

Еколошките организации се радуваат
Пресудата се смета за голем успех за еколошките организации кои стојат зад тужбата, вклучувајќи ги Гринпис и Милиудефенси, (Milieudefensie) холандската гранка на Пријатели на земјата. (Friends of the earth.) Питер Ериксон, постар истражувач на Институтот за животна средина (Stockholm environment institute,) во Стокхолм, е задоволен од резултатот.

„Денешната одлука е во согласност со истражувањето: ако нафтените гиганти како Шел го намалат производството на фосилни горива, тоа ќе помогне да се намалат емисиите на јаглерод диоксид, што е неопходно за да се исполнат климатските цели“, рече тој во писмената изјава.