МЛЕКО ПОЛНО СО ВОДА И CO2

Кравјо, козјо, соино, бадемово - кое млеко најмногу Ви одговара?

Млекото е една од најхранливите продукти кои ги конзумираме, но тешко е да се одреди типот на млеко, кој најдобро Вам ќе ви одговора.

Извор: google

Млекото е една од најхранливите продукти кои ги конзумираме, но тешко е да се одреди типот на млеко, кој најдобро Вам ќе ви одговора.
Статистичките податоци покажуваат дека децата пијат значително поголеми количини на млеко. Колку сме повозрасни, толку помалку го пиеме, а повеќе ни треба за одржување на коскената маса. Млекото содржи протеини, калциум, калиум, витамини А и Д, но кое млеко се произведува со најмногу вода?

Кравјото млеко е најзастапено, најдостапно и луѓето се навикнати на него. Ако сте нетолерантни на лактоза, кравјо млеко нема да ви одговара. Некои луѓе од кравјо млеко добиваат надуеност и гасови. Тоа е затоа што немаат лактаза – ензим кој помага во варењето на лактозата.
Една чаша кравјо млеко ќе ги задоволи 30% од дневните потреби на калциум, богато е со витамин Д, кој му е потребен на телото за да го апсорбира калциумот, со што се намалува ризикот од болести на коскениот систем.

Козјото млеко има мирис, кој не им се допаѓа на некои луѓе. Тоа содржи повисоко ниво на лактоза од кравјо млеко. Тоа исто така содржи повисоко ниво на заситени масни киселини.

Соиното млеко е популарна замена за кравјо млеко. Се меша со вода и се миксира додека се добие бела смеса. Се среќава со различни вкусови, оди добро со кафе и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Извор: google

Кокосовото млеко е калорично, не содржи многу протеини и калиум и има интензивен вкус, а бадемовото млеко исто така не е особено богато со протеини и Б витамини и не треба да го пиете, доколку сте алергични на ореви или јаткасти плодови.

Овесното млеко содржи многу повеќе јаглехидрати од кравјото, а пак оризовото е добро за намалување на тежината, не содржи заситени масни киселини, но содржи 1 до 2 g незаситени масни киселини по чаша.

Она што треба да се знае е и дека секој произведен литар кравјо млеко содржи многу вода и генерира 3,2 кг CO₂. Дури и бадемовото млеко, достигнува 60 проценти при производството од количината на вода што се користи кај кравјото, а најголемиот загадувач меѓу млеката, оризовото, предизвикува дури 40% од вкупните емисии генерирани од кравјо млеко. Млеко од соја и овес се поодржливи опции кога станува збор за содржина на вода, за кои е потребен само мал дел од водата што се користи на пример при производството на кравјо млеко.

Извор: statista