КВАЛИТЕТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ТРАНСПОРТ

Германските железнички станици се најголеми, најчисти и најдобро организирани

Сигурно сте имале повеќе од една прилика кога сте биле на железничка станица и сте помислиле „овие места изгледаат многу подобро и почисто од некои други на кои сум бил“

Извор: google

Сигурно сте имале повеќе од една прилика кога сте биле на железничка станица и сте помислиле „овие места изгледаат многу подобро и почисто од некои други на кои сум бил“. Има разлика од железничка до железничка, од град до град, но она што со сигурност знаеме е дека македонската железничка станица не е дел од листата на најдобри во Европа и светот.

The Consumer Choice Center објави список на европски железници кои се рангирани според чистотата, палетата на дестинации кои се нудат и лесна и практична навигација за самите патници кои ќе се најдат на пероните.

Импресивната станица во германскиот град Лајпциг, која служи и како трговски центар, е рангирана на првото место со оценка 116. Централната станица во Виена, која е релативно нова, беше отворена оваа година и е на второто место со 108. Сант Панкрас во Лондон е рангиран на број еден минатата година, но оваа година заврши на третото место.

Оваа станица беше подложна на реновирање од 800 милиони фунти, кое беше завршено во 2008 година и може да се пофали со надградба со трговски центар и хотел. Германија има уште две станици во топ 10, кои се наоѓаат во Франкфурт и Минхен.

Извор: statista