Извор: google
Пластика за еднократна употреба – евтина пластична роба што ја користиме еднаш, а потоа ја фрламе. Денес, кесите за една употреба сочинуваат над една третина од пластиките произведени секоја година, од кои 98 проценти произведени од фосилни горива. Изненадувачки, пластиките за една употреба, исто така, сочинуваат најголем дел од фрлената пластика низ целиот свет: повеќе од 130 милиони тони ваква пластика е изгорена, фрлена на депонија или директно во природата, морињата, океаните. Дали доаѓа сепак време да се збогуваме со пластика за една употреба?
Индексот на производители на пластични отпадоци, објавен од „Moderoo“, откри дека 20 компании се одговорни за производство на повеќе од половина пластичен отпад за еднократна употреба на планетата. За прв пат, анализирани се околу 1.000 фабрики, а резултатите откриваат дека петрохемиските фирми се најлошите престапници.
Американската нафтена компанија ExxonMobil е најголемиот придонесувач за еднократна употреба на пластичен отпад со 5,9 милиони тони генерирани во 2019 година, по што следат хемиската индустија Dow и кинеската нафтена компанија Sinopec со над 5 милиони тони.
Извор: google
Истражувањето, исто така, ги испитало земјите што најмногу користат пластичен отпад за една употреба, при што се доаѓа до сознание дека Автралија е најлоша земја во светот по глава на жител. Во 2019 година просечен Австралиец генерирал 59 килограми на кеси, шишиња, амбалажи и друг пластичен отпад, додека Соединетите Американски држави беа на второ место со 53 кг.
Проблемот не беше толку изразен во најнаселените нации во светот како Кина и Индија кои произведоа само 19 кг, односно 4 кг.
Извор: statista