NATION MASTER СТАТИСТИКА

Во Македонија се пие повеќе вино отколку во САД, Латинска Америка и Бугарија

NationMaster, интернет алатка за споредување на сеопфатен опсег на статистички податоци на светските популации, овојпат со интересна анализа – Кои се најголемите љубители на вино во светски рамки?

Извор: google

NationMaster, интернет алатка за споредување на сеопфатен опсег на статистички податоци на светските популации, овојпат со интересна анализа – Кои се најголемите љубители на вино во светски рамки?

Минатата година, на врвот на најголеми консументи на добра чаша вино (а богами и многу повеќе) се Французите. Потрошувачката на вино по глава на жител е енормно голема и кај другите европски земји, па така во Португалија се пие 6,2 литри по жител, а во Молдавија 5,6 литри.

За потсетување и споредба, во 2019 година, потрошувачката на вино по глава на жител во Молдавија се зголеми за 2% во однос на претходната година.

Од 2014 година, потрошувачката на вино во Молдавија по глава на жител се зголеми за 2,9% на годишно ниво, вкупно 5,59 литри чист алкохол. Во 2019 година Словенија беше број 4 во потрошувачката на вино по глава на жител.

Во 2015 година Централноафриканската Република беше број 153 во потрошувачката на вино по глава на жител, со вкупно 0,01 литри чист алкохол што ја прави една од земјите во која најмалку се пие алкохол, заедно со другите сиромашни африкански и јужноамерикански земји.

Македонците се на 34-то место од вкупо 167 земји внесени во статистиката, а пак од другите балкански земји во топ 10 влегува Србија, чии жители и те како обожуваат да пијат вино. Пред нас се и Хрватите, Британците и Грците како поголеми потрошувачи на вино по глава на жител.

Извор: google