Извор: google
Просечната месечна нето-плата во март годинава изнесува 28.217 денари и бележи раст од истиот месец во 2020-та за 6,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Просечната бруто плата исплатена во март била над 107.000 денари (нето над 70 илјади) и тоа во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности.
Податоците покажуваат дека по оваа, највисока плата е 73.657 денари во дејноста телекомуникации, потоа следува дејноста производство на основни фармацевски производи и фармацевски препарати со 70.008 денари.
Во Финансиски услуги, освен осигурување и пензиски фондови, највисоката плата е 66.933 и во воздухопловен транспорт е 64.338 денари.