STATISTA GLOBAL CONSUMER SURVEY

Ги рангираме земјите во кои конзумирањето на месо е најслатка навика

Многу луѓе пораснале со идејата дека месото гради посилно тело и е неопходно за животот. Се чини дека тоа сепак е само мит и навика. Доколку се намали глобалната потрошувачка на животински продукти до ниво на задоволување на нутритивните потреби би можело да се спаси површина која е 1.5 пати поголема од Европската унија.

Извор: google

Многу луѓе пораснале со идејата дека месото гради посилно тело и е неопходно за животот. Се чини дека тоа сепак е само мит и навика. Доколку се намали глобалната потрошувачка на животински продукти до ниво на задоволување на нутритивните потреби би можело да се спаси површина која е 1.5 пати поголема од Европската унија. Во меѓувреме, во светски рамки расте популарноста на западниот начин на исхрана, која се состои од многу месо и месни производи.

Во просек, 86% од испитаниците во Глобалното истражување на потрошувачи, спроведено во 39 земји велат дека нивната диета содржи месо, нагласувајќи дека и покрај трендот околу месото и растителните замени, јадењето месо останува задолжителна норма во многу делови на светот.

Само во 5 од 39 земји – Индонезија, Обединетите Арапски Емирати, Пакистан, Кина и Индија – помалку од 80% од испитаниците изјавиле дека јаделе месо.

Индија имаше најниска оценка од само 43% на луѓе кои јадат месо. Кина, која го постигна вториот најнизок резултат во истражувањето, сепак броеше 75% на испитаници кои се љубители на месото и месните производи.

Склоноста на Индија кон вегетаријанството е поврзана со ведизмот / хиндуизмот како религија, систем на верувања поврзани со високоценетата каста Брахманс, според која вегетаријанството е особено препорачливо и пожелно.

Во западните земји, вегетаријанството почесто се поврзува со еколошки проблеми, емпатија кон животинскиот свет или со неетички практики во производството на месо. За да се задоволи апетитот ​​за месо, во 2020 година беа произведени 333 милиони тони месо ширум светот.