ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА

Србите јадат само два продукта поевтино отколку пред 10 години

Една деценија порано, просечната потрошувачка кошничка во Србија, според методологијата на Министерството за трговија, вредела помалку од 40.000 динари.

Извор: google

Една деценија порано, просечната потрошувачка кошничка во Србија, според методологијата на Министерството за трговија, вредела помалку од 40.000 динари. Според податоците од декември минатата година, на просечно семејство му се потребни 74.057 динари за да поминат еден месец.

Така да, просечната потрошувачка кошничка поскапела за огромни 86 проценти во соседна Србија во текот на изминативе десет години. Само два производа бележат големо намалување. На крајот на 2010 година, потрошувачите плаќале 51,18 динари за килограм кромид, а на крајот на минатата година – 45,16 динари. Денес килограм шеќер исто така чини помалку. Порано Србите плаќале 79,34 динари, а денес 71 динар.

Меѓу намирниците, медот е со најголем пораст во цената. Од 395 динари по тегла пред десет години, денес достигна цена од 848 динари. Особено скапи се гравот и оризот. Првиот, со 197 за килограм, достигна скоро 306 динари. Вториот, од 129, достигна скоро 200 динари. Лебот од пченица е исто така поскап за 47 проценти – беше 58,6 во 2010 година, а сега е 86,3 динари. Сардините поскапеа со иста пропорција – од 654 на 980 динари. Слично е и со виршлите – од 402, тие достигнаа 600 динари за килограм. Јаболкото чинеше 60, а сега 91 динар.

Многу потрошувачи ќе речат дека дури и месото не мирува. Статистичките податоци велат дека говедското месо во Србија поскапело за 36 проценти, пилешкото за една четвртина, а свинското само за 10 проценти.

Сланината вреди 22 проценти повеќе, наместо 644 сега е 791 динар. Кафето скокна 36 проценти, а чоколадото околу 18 проценти. Млекото е за 50 проценти поскапо, додека јогуртот чини 17 проценти повеќе. Чајниот колбас од 975 динари достигна 1.230, што е промена од 26 проценти. Белото сирење е скоро третина поскапо, а јајцата “рипнаа” од 9,6 до 13 динари.

Бонус видео…