ВИДЕОТЕКИ

Изнајмувањето филмови во видеотеки беше вистинско задоволство во 90-тите

Сите се присетуваме на некои работи од минатото со чувство на носталгија. Особено на мали работи кои нѐ потсетуваат на тоа како било порано и како се променија работите со текот на годините.

Извор: google

Сите се присетуваме на некои работи од минатото со чувство на носталгија. Особено на мали работи кои нѐ потсетуваат на тоа како било порано и како се променија работите со текот на годините. Едни од работите кои предизвикуваат носталгија се и видеотеките.

Видеокасетите повеќе не се користат, но останаа неверојатен спомен од 90-тите. Постоеја многу, во сите градови, во сите маала. Потребно беше само да се плати годишно членство и да се изнајмуваат филмови на касети по цена од 20, 50 до 80 денари. Со изнајмена видео касета беше вистинско уживање да се гледа некој постар или најнов блокбастер преку домашните видео уреди.

Со појавувањето на ДВД-ата почна да згаснува и овој бизнис не само во Македонија, туку и во целиот свет. А денес, со онлајн интерактивните видеотеки кои се нудат преку кабелските оператори, и гледањето филм на ДВД станува веќе минато.

„Блокбастер видео“ во Орегон, САД е денес последната видеотека која опстојува.

Бонус видео…