СПОРТСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

Се здружија против „Nike“, но соработката не успеа да се одржи

Во февруари, по повеќемесечни шпекулации, германскиот производител на спортска облека „Adidas“ потврди дека го продава „Reebok“. Reebok е подружница на Adidas, стекнат преку купопродажба за 3,8 милијарди евра во 2006 година, но само во 2020 година продажбата паднала за 20%. Овие слаби перформанси доведоа до повици од инвеститорите да се откажат од познатата американска марка.

Извор: pinterest

Германскиот производител го продава својот недоволно успешен бренд Reebok, 15 години откако ја купи американската компанија за да и помогне во конкуренцијата со Nike.
-“Reebok и Adidas ќе можат подобро да го реализираат својот потенцијал за раст независно еден од друг”, смета извршниот директор Каспер Рорстед. Во меѓувреме, Adidas успеа да ја поткопа доминацијата на Nike во Соединетите Држави со својата основна марка, потпомогната од партнерства со познати личности како Кание Вест, Бијонсе и Фарел Вилијамс.

Откако Рорстед ја презеде функцијата извршен директор во 2016 година, тој започна план за пресврт за Reebok кој му помогна повторно да биде профитабилен, но неговите перформанси сепак заостануваат зад основната марка Adidas.

Нето-продажбата на Reeboк изминатава година на пандемија падна за седум проценти во третиот квартал на 2020 година, на 403 милиони евра, откако падна за дури 44 проценти во претходниот квартал.

Од друга страна, менаџментот на „Reebok“ се оптимисти во врска со иднината на брендот и гаи надежи за нов почеток и верување дека разделбата ќе им користи долгорочно на двата бренда. Менаџментот ги истакна перформансите, иновациите и стилот како најголема можност за Reebok во иднина, но сепак соработката со еден европски познат бренд како Adidas била многу важна во последните неколку години.

Во 2018 година, Reebok ја лансираше својата прва еколошка патика како дел од својата иницијатива Regrow, и додека другите брендови можеби викаат малку погласно за нивните напори за одржливост, Reebok го тера својот бизнис на поскромен начин.

Бонус видео…